Британскиот водител Крис Еванс среде радио емисија во живо откри дека има рак на кожата

Радио водител  од Британија во својата емисија на радио „Вирџин“ објави дека има рак на кожата. На слушателите им порача дека станува збор за рак кој е во исклучително рана фаза, а веќе следниот месец ќе се лекува.

Крис Еванс стана големо име на медиумската сцена на крајот на минатиот и почетокот на овој век, а поради неговите популарни ТВ емисии, TFI Friday, Big Breakfast и неговиот пеколен начин на живот, тој се плаши од рак на кожата од 2020 година.

Тој беше тестиран за болеста откако во пресрет на Божиќ откри загрижувачки траги на телото.

„Отидов и имав неколку траги на моето тело, кои беа прегледани од лекар за кожа пред Божиќ и таа ми рече: „Мораш да дојдеш повторно да ме видиш, само поради твојот тен“, пренесува Дејли мејл.

Докторката му кажала дека нема за што да се грижи, но дека го советувала да се прегледува еднаш годишно.

„Треба да разговараме за тоа што се случува во оваа работа. Тоа е меланом. Но, беше откриен толку рано, само да знаете, треба целосно да се излечи. Терапијата ќе ја почнам на 14 септември. Не можам да трчам еден месец после тоа, па нема да правам ништо освен да трчам дотогаш. Дали е тоа во ред?“ им рекол Крис на слушателите, според Дејли мејл.

 

Scroll to Top