Од 25 до 27 август на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово ќе се одржи „Етно Плоштад фестивал 2023 година“ на кој ќе настапат македонските изведувачи Тамаа Тодевска, Димитар Андоновски, Ристо Самарџиев и Наде Талевска со Камерниот оркестар – Битола, Пајак и Лара, Огнен Здравсковски и Жељко Самарџиќ.
Фестивалот ќе започне на 25 август (петок), со свечено отварање. Во рамките на „Етно Плоштад фестивалот“, ќе има тезги со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети.