Кралицата на попот, Мадона, има нова ставка на списокот со задачи: да ја врати Бритни Спирс во центарот на вниманието заедно со неа на турнејата „Celebration“.
Според ексклузивните извори до кои дојдоа „Пејџ сикс“, Мадона подготвува план на сцената да ѝ се придружи Бритни Спирс за време на турнејата која ја подготвува. Двете се другарки подолго време, а гласините велат дека тие дури имаат и ист агент.
Легендарниот момент кога Мадона, Бритни и Кристина Агилера се бакнуваа на сцена за време на доделувањето на видео музичките награди МТВ во 2003 година, сега, Мадона сака да ја оживее таа магија со заеднички дует со Бритни. Инаку, тие ја слават 20-годишнината од нивната хит соработка, „Me Against the Music“, објавена во октомври 2003 година.
It’s great to be Alive………… .. and Amazing to Be able to put on my dancing shoes and Celebrate my Birthday! 🎉🎉🎉 Im So Grateful.
Thank you Lisbon and to all who made it possible! 🇵🇹♥️ pic.twitter.com/zXT6G6ybjx— Madonna (@Madonna) August 18, 2023
Последниот месец беше прилично тежок и за двете поп легенди. Мадона се врати назад по престојот во болница. Додека Бритни, се соочува со развод од сопругот Сем Асгари.
Бритни Спирс немала јавен настап од 2018 година. Сепак, според извор близок на „Пејџ сикс“, таа планира нов албум, и веќе се зборува за потенцијално враќање на сцената.