Двојничката на Тејлор Свифт (33), тиктокерката Ешли Личин се најде во центарот на вниманието кога се маскираше во популарна пејачка и се прошета по улиците на Лос Анџелес во друштво на телохранители и бројни обожаватели се фотографираа со неа.
Многу поголем чекор направи францускиот двојник на Џастин Бибер (29), кој настапува дури и како популарен пејач. Дилан Десклос (27) долго време работел на својот изглед, дури има идентични тетоважи како пејачот, а вели дека често го прогонуваат обожавателите.
„Мислам дека сме слични по некои црти на лицето, но најмногу по ставот. Станав двојник одејќи на негови концерти. Направив многу фотографии и само помислив дека изгледа навистина кул – изјавил професионалниот уметник, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Тој додал дека бизнисот со имитација го започнал пред шест години, кога почнале да го споредуваат со пејачот. Денеска е вистинска сензација во Франција каде настапува низ целата земја со обработки на популарни песни, а дел од нив објавува и на социјалните мрежи.
„Многу луѓе ми велеа дека личам на Бибер, но сега и јас се грижам да се облечам како него. Со него го делам изгледот и тој препознатлив стил, а имаме и исти тетоважи“, рече Десклос и споделил дека неговиот најдобар настап бил во Монако, каде настапувал со други ликови на паузите меѓу настапите на вистинските музичари.
Изгледа трудот вроди со плод бидејќи обожавателите речиси и не го разликуваат од пејачот, а тој сподели дека порано му доаѓале на вратата од хотелот во два часот по полноќ и дека лично почувствувал како е да те бракаат обожавателите. Ги потпишува личните предмети на обожавателите и албумите на Бибер, се фотографира и сподели дека еднаш, во целата гужва, бил ограбен.
Сепак, поддршката не е универзална некои обожаватели не ја ни гледаат сличноста со пејачот, додека други сметаат дека славата на Бибер се користи неправедно и дека тој треба да најде вистинска работа. И покрај се, Десклос е благодарен за сите можности што ги има и се радува на идните настапи во Европа.
„Планирам да настапувам од Англија и Германија до Италија, Шпанија и Португалија и да ја одржувам страста каде и да одам“, заклучи тој.