(Видео) Комичарот Кевин Харт заврши во инвалидска количка

Комичарот и актер Кевин Харт по повредата заврши во инвалидска количка. На „Инстаграм“ објасни што му се случило и апелираше до сите над 40 години да си ги почитуваат годините.

„Јас сум најглупавиот човек на светот“, рече Харт кој објасни дека повредата ја здобил за време на трка. Се обложил со пријателот Стеван Ридли дека може да го натрча.

Ридли е една деценија помлад од Харт и поранешен играч на НФЛ.  Двајцата учествуваа во трка на 40 метри, по што Харт се повредил и моментално не може да оди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

„Дами и господа, 40 години се реални. За сите мажи и жени кои имаат 40 или повеќе години, ова не е игра. Почитувајте си ги години или возраста самата ќе ве натера да ја почитувате“, рече Харт.

Откри и дека видеото го снимил за да не ги загрижи фановите кога ќе го видат во инвалидска количка.

„Зошто сум во инвалидска количка? Па, затоа што се обидов да направам некои работи за млади“, и додаде дека тоа било најглупавото нешто што го направил во животот.

– Зошто се натпреварувам на оваа возраст? Што правам? Зошто воопшто се тркав? Најглупаво нешто досега, сега не можам да одам. Што мислев? Боже, мора да сум најглупавиот човек на светот.

Scroll to Top