Ким Катрал (67) ќе глуми во финалната сезона на „Сексот и градот“. Актерката ќе ја глуми Саманта Џонс, улога која прво ја одби поради конфликтот со останатите колешки. Популарната серија од деведесетите, сними нова сезона во 2021 година. Саманта ја забавуваше публиката со своите изјавите и афери со мажи.
Во големото финале на задоволство на фановите, Ким се врати во улогата која и донесе светска слава. Сцената се одвива во такси каде актерката разговара на мобилен со Кери Бредшо на самиот почеток на епизодата. Саманта е во црвен фустан со металик кабаница и чанта Фенди во зелена боја.
За облеката се погрижи костимографката Патриша Филд, познатата стилистка зад бројните култни изгледи на хероините од „Сексот и градот“. Стилот на Саманта остана иконски, децении по емитувањето на оригиналната серија, а нејзините изјави се користат и денес.
За потсетѕвање Ким долги години не е во добри односи со Сара Џесика Паркер и затоа ја одби поканата за снимање на серијата. За филмовите таа постави услови кои се поинакви од оние на остатокот од актерската екипа, а веќе имаше тензии меѓу поранешните колеги.