Бритни Спирс се разведува затоа што сопругот Сем Ешгари ја шпионирал ѝ информации му ги пренесувал на татко ѝ, пренесоа светските медиуми. Бритни 13 години беше под старателство над татко ѝ Џејми и тој го контролираше целиот нејзин живот, финансиите и објавите на социјалните мрежи.
Сега извор за „Дејли Мејл“ откри дека таа се сомнева во Сем, дека тајно соработувал со татко ѝ и дека му давал информации кои му помогнале да продолжи да ја надгледува.
„Бритни има причина да верува дека Сем тајно соработува со Џејми од почетокот на врската. Сем би му дал информации кои потоа би му помогнале да продолжи да ја држи Бритни под контрола. Во замена, Сем добил пристап до неа и нејзините пари. Бритни се чувствува како да е изневерена„ рече изворот
Сем (29) неодамна поднесе барање за развод поради непремостливи разлики по само 13 месеци брак. Со Бритни беше во врска од 2016 година, што му донесе популарност, сними десетина филмови и серии, додека претходно глумеше само во спот. Сега, изворот тврди дека долго време имале проблеми во бракот.
„Бритни раскина со Сем пред неколку месеци затоа што беше многу несреќна. Планот беше да си обезбеди сопствен стан и финансиски средства и целата работа заврши спогодбено“, рече изворот.
Бритни ја доби битката против нејзиниот татко во 2021 година, кога откри дека покрај злоставувањето што го претрпела ѝ било забрането и да се омажи за Сем.
„Постојано плачеше кога ја слушна одлуката на судијата. Долго време мислеше дека никогаш нема да го види денот кога ќе заврши доминантната контрола на нејзиниот татко врз секој аспект од нејзиниот живот. Но, тоа конечно се случи. Беше во шок и остана зборови, но буквално скокаше од среќа. Таква радост немаше почуствувано 13 години“, рече изворот.