Револверот на Елвис Присли кој го доби за подарок девет месеци пред да почине, беше продаден на аукција за 200.000 долари. Пиштолот го стави на продажба аукциската компанија „Рок Ајланд“, од каде очекувале двојно помала сума за револверот. Очекувале да го продадат од 60.000 до 90.000 долари.
Револверот Smith & Wesson модел 53, кој Присли го добил за подарок во 1977 година, е продаден за 199.750 долари. Присли беше познат како колекционер на старо оружје. Вежбал гаѓање на своето стрелиште во Грејсленд, а бил познат по тоа што носел со себе пиштол и на концертите.
Според веб-страницата на аукциската куќа Rock Island, Елвис пред смртта поседувал 37 парчиња огнено оружје и автоматска пушка, вклучувајќи го и револверот што беше продаден на аукција.
Револверот го изгравира Расел Џеј Смит, мајстор гравер во „Смит и Весон“ во 1976 година како посебен, комеморативен подарок.