Бившиот на Џенифер Анистон си фати 23 помлада девојка

Бившиот сопруг на познатата актерка Џенифер Анистон, актерот Џастин Теру фотографиран е во друштво на неговата 23 помлада девојка, актерката Никол Брајдон Блум во ресторанот „Алтро Парадизо“ во Њујорк.

Тие не се криеле додека споделуваат нежности. Ова е првпат по разводот во 2018 година, актерот да биде забележан во друштво на партнерка. Иако тие не дадоа никакви официјални изјави, фановите шпекулираат дека парот се забавува подолго време, откако двајцата присуствуваа на забава на Нетфликс во февруари.

Блум ја започна својата актерска кариера со улога во ситкомот The Michael J. Fox Show во 2013 година, а глумеше и во серијата „Закон и ред“.

Теру и Анистон беа во брак од 2015 до 2018 година, а по разводот тој ретко зборуваше за својот приватен живот. Тие останаа добри пријатели, а тој еднаш искоментира дека му било позабавно да не е во јавна врска.

– Сфаќаш дека можеш да направиш нешто и кога си надвор од сето тоа, знам дека сакам сите мои врски да постојат во четири ѕида. Знам како е да се биде во врска со јавноста и ова е многу позабавно. И не се трудам да избегнувам прашања за Џенифер, зборувам со неа, но не зборувам за неа – објаснил тогаш актерот.

Дека останале во добри односи сведочат и нивните чести средби, а пред две години ја коментираше нивната врска.

– Сакале некои или не, го немавме тоа драматично раскинување и се сакаме. Искрено велам дека го ценам нашето пријателство. Не мора да бидеме заедно, но сепак си носиме радост и пријателство. Исто така, таа ме тера да се смеам навистина.. За мене би било загуба доколку не бидеме во контакт, а се надевам и за неа,  откри тогаш Теру.

Scroll to Top