Сајмон Кауел откри дека неодамна почнал со психотерапија и уживал во тоа. Тој вели дека е толку страстен за неговите нови неделни тераписки сесии што веднаш се согласил да биде првиот гостин на сосема новиот подкаст на „Мирир“ за Men in Mind.
„Кога ќе ги видам моите пријатели, првото нешто за кое зборувам е како терапијата имаше супер позитивен ефект врз мојот живот. Посакувам да го направев ова пред 10 или 20 години…како да ми е симната тежина од рамениците“, изјави членот на жирито на популарниот натпревар „Идол“.
Целта на овој подкаст е едноставна: да поттикне повеќе мажи да се отворат и да зборуваат за своите проблеми и емоции.
„Ако ми речеше: „Симон, ќе седиме во твојата градина и ќе разговараме за менталното здравје“, би рекол: „Дали го изгубив умот или нешто слично“, вели тој.
„Јас не сум доктор, не сум експерт, но на мој начин почнав повеќе да го разбирам тоа и правев работи за моето ментално здравје на позитивен начин. Сега мило ми е што зборувам за тоа за да ги охрабрам другите“, вели Сајмон.
Сајмон му се обратил на терапевтот откако сфатил дека се справува со депресија.
„Со текот на годините страдав од депресија… Но, тоа беше нешто што си го објаснив како карактерна особина, а потоа претпоставувам дека Ковид беше вистинскиот катализатор“, рече тој.
Како и многу луѓе во тоа време, неговото ментално здравје се влошило и тој опишува дека е во постојана состојба на вознемиреност.
„Во многу, многу, многу рана фаза, некои од моите пријатели навистина се разболеа, а јас зборувам за навистина болни луѓе, кои имаа сериозни проблеми. Па, си помислив: „Боже, ако го фатам ова, можеби истото ќе се случи со мене и со моето семејство“, рече тој.
Гледањето на вестите само ги влошувало работите, а тој се консултирал со лекари за да се обиде да открие како најдобро да го заштити своето семејство.
„Не знаев што е вистина или не, едноставно немав поим освен дека бев скаменет од помислата дека ќе се заразам“, рече тој.
Тоа што беше член на жирито на шоу програмата „Јас имам теленат“, ги влоши работите, бидејќи мораше да работи – а тој одбил да го направи тоа. На крајот, како што пишува „Мирор“, Симон имал Ковид, но поминал без никакви последици или тешки симптоми.