Кевин Костнер ќе плаќа 63.000 долари месечна алиментација, сопругата незадоволна бара зголемување 

По долготрајната правна битка меѓу актерот Кевин Костнер (68) и Кристин Баумгартнер (49), судијата во Лос Анџелес одлучи дека актерот мора да плаќа алиментација од 63.209 долари месечно, пренесува ТМЗ.

Во текот на судењето, актерот инсистирал имотот да им се префрли на децата.

– Не кријам пари од сопругата – рекол Кевин.

Кристин првично бараше 248.000 долари месечно за детска поддршка, тврдејќи дека децата уживаат во истиот начин на живот.

Во четвртокот по сите рочишта била донесена одлука за помал износ, јавуваат странските медиуми.

Најпрво побарала месечна алиментација во вкупна вредност од 248.000 долари, на што Костнер се спротивставил.

Откако доби значително помала награда, таа сега побара таа да се зголеми на 175.000 долари месечно за да им обезбеди на своите деца нормален животен стандард додека се со неа.

Во судските документи раскажала како децата живеат во голем комплекс покрај плажата вреден 145 милиони долари кога се со татко им, летаат со приватен авион и уживаат во луксузните одмори.

Двојката помина 19 години во брак, а заедно имаат три деца, синот Кејден (16), Хејс (14) и ќерката Грејс (13).

Scroll to Top