Интернетот е погодна почва за ширење на непроверени информации, а во случајот со тврдењата за младата актерка Џена Ортега и нејзиниот 40-годишен колега Џони Деп – тоа уште еднаш се покажа како вистинито.
На страницата наречена „Deuxmoi“ која се занимава со гласини за познати личности, се појавија информации“дека Џена Ортега (20) и Џони Деп (60) се во врска.
Ортега набрзо се огласи и остро ги демантираше ваквите наводи, додавајќи дека обично се смее кога од медиумите дознава нешто ново за себе, но дека овојпат тоа не е ни смешно.
„Никогаш не се запознав и не работев со Џони. Ве молам престанете да ширите лаги и оставете не на мира“, рече таа.
Актерот не ги коментираше овие гласини.
Ортега стекна светска слава минатата година кога ја го глумеше ликот на Венсдеј во истоимената серија на Нетфликс, додека Деп минатата година ја водеше судската битка со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, од која излезе како победник.