Келвин Клајн два пати се женеше оти не сакал да признае дека геј, а 50 години помладиот дечко кој скоро му го уништи животот

Модниот дизајнер Келвин Клајн има 80 години и е во пензија од 2004 година. Оттогаш само талка низ светот уживајќи во животот додека друштво му прави партнерот Кевин Бејкер, кој е дури 45 години помлад од дизајнерот.

И покрај тоа што цел Холивуд знаел дека тој е геј, Келвин Клајн како да не можел да си го признае тоа себеси и дури двапати стапил во брак со жени. Во еден од тие бракови добил и ќерка, на која е исклучително горд.

 

 

Но, по разводот и сите проблеми во приватниот живот тој се впуштил во врска со порно ѕвезда со кого имал бурен однос цели 2 години. Ник бил 50 години помлад од него и често одел на диви забави на кои и бил апсен и затворен поради употреба на дрога.

Кога отишол на рехабилитација, Ник Грубер по раскинувањето зборувал дека Келвин Клајн бил болно љубоморен и дека со години го терал да оди на полиграф, секојпат кога се чувствувал несигурен.

 

 

 

Денес дизајнерот е во среќна врска со Кевин Бејкер, кој е 45 години помлад од него. Кога ги гледаат заедно, оние кои не знаат помислуваат дека станува збор за дедо и внук. Парот е заедно повеќе од 6 години и за тоа време никогаш не зборувале за својот интимен живот.

Познатиот моден дизајнер, роден на 19 ноември 1942 година, во Бронкс, Њујорк, е познат пред сè по прекрасните колекции на женска и машка облека, фармерки, козметика и парфеми, но и по други корисни предмети, како постелнина, со неговиот потпис.

Клајн студирал на Модниот институт за технологија во Њујорк и, по дипломирањето во 1962 година, заминал да работи како чирак дизајнер за производител на палта и костими во њујоршкиот округ.

 

 

 

Во 1968 година, кога ја отворил сопствената компанија, модната индустрија во Њујорк била во својата мрачна фаза, со лежерна облека во хипи стил и мини здолништа кои го отсликувале сиот опсег на тогашната мода.

Имајќи го тоа на ум, Клајн сакал да се посвети на дизајнирањето едноставна и скромна облека, за промена. Иако на почетокот бил познат по костуми и палта, тој постепено ставал сè повеќе акцент на спортската облека, особено на оние парчиња кои можеле да се носат одделно и на така лесно да се комбинираат на повеќе начини.

 

 

 

Клајн е првиот дизајнер што освоил три награди „Коти“ по ред за женска облека (1973-75) и бил најмладиот дизајнер на конфекциска облека што некогаш бил одбран во куќата на славните Коти (1975).

Својата дизајнерска филозофија ја опишал како „правење едноставна, удобна и модерна облека, без ништо претерано или екстремно“. Неговата облека била релативно скапа, но класична, елегантна и лесна за носење, а привлекувала големо внимание меѓу купувачите во САД и во другите земји. Неговите достигнувања се сметаат не само за триумф на неговиот личен бренд на класичен стил, туку и за созревање на американската модна индустрија.

 

Меѓутоа, Клајн станал познат и по своите реклами, од кои некои биле скандалозни. Една серија реклами ја претставувала тинејџерската актерка Брук Шилдс како носи пар класични сини фармерки со коментарот „ништо не може да ме раздели од мојот Келвин“.

Рекламирањето на долна облека на Клајн – со фотографии на Херб Ритс и Брус Вебер и модели, како што е актерот Марк Волберг – придонело за тоа мажите да се позиционираат како сексуални објекти. Други контроверзни рекламни кампањи биле и тие за неговиот парфем со името „Obsession“.

 

 

 

Scroll to Top