Познатиот француски актер, режисер и сценарист Матје Касовиц (56) е тешко повреден во сообраќајна несреќа со мотор, во поширокото подрачје на Париз, пишуваат француските медиуми. Касовиц, кој е најпознат по неговиот филм „La Haine“ од 1995 година и улогата во филмот „Amelie“ од 2001 година, се подготвувал за улога во неговиот нов филм.
Во моментот на несреќата тој бил на курс за обука за мотоцикли на патеката во Линас-Монтери, во Есон. Француските медиуми објавија дека актерот бил сериозно повреден, а се здобил со траума на главата и фрактура на карлицата.
Една од неговите ќерки била на мотор зад него со инструкторот и била сведок на несреќата. Според официјалните лица во Есон, Касовиц бил пренесен во болница во Кремљ-Бицетр.