Грофот Дракула бил веган, тврдат научниците

Романскиот владетел Влад Цепес, кој е инспирација за книгите и филмовите за крвожедниот вампир Дракула, според научниците всушност бил веган. До ваквото тврдење дошле преку научната анализа на неговите писма од 15 век што претставува изненадувачки пресврт за легендатата за крвожедниот гроф.

​​Широко се верува дека Дракула, легендарниот измислен лик на писателот Брам Стокер, всушност е Влад Цепес, моќен Влашки владетел познат по неговите брутални методи, вклучително и набивање на неговите непријатели на колец. Владеел со Влашка три пати, помеѓу 1448 година и неговата смрт.

Повеќе од 500 години по неговата смрт, научниците анализирале некои од неговите рачно напишани писма, откривајќи интригантни сознанија за неговиот живот. Од крвта, потта, отпечатоците и трагите од плунката откриле сосема поинаква слика за него.

Во писмото од 4 август 1475 година, адресирано до граѓаните на Сибиу, Влад се опишува себеси како „Принц на трансалпските региони“ и ги информира жителите на градот за неговото претстојно преселување во нивното село, потпишувајќи се со неговото страшно име „Влад Дракула“.

Научниците од Универзитетот во Катанија се впуштија во уникатен потфат со екстракција на биомолекули од ова писмо старо со векови. Она што ги изненади истражувачите е недостатокот на животински протеини во наодите, многу необично откритие.

„Протеините во храната се наоѓаат само во растителната храна“, рече Глеб Зилберштајн, автор на студијата објавена во списанието Analytic Chemistry.

Откритието доведе до хипотезата дека моделот за вампирот на Стокер можеби бил веган, иако тој избор на исхрана можеби бил поттикнат од потреба наместо од претпочитање. Имено, во 15 век Европа имала многу студена клима и имало многу малку храна.

Според биоархеолозите, аристократите низ Европа имале многу скудна исхрана, а месото не се јадело често. Анализата на писмата откри и индиции за здравјето на Влад. Се чини дека тој боледувал од ретка состојба позната како хемолакрија, која предизвикува болните да пуштаат крвави солзи.

Scroll to Top