(Фото) Мечка му влезе во домот на поранешен пратеник

Мечка му влезе во домот на поранешниот пратеник од СДСМ Љатиф Пајкоски. Пајковски кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше се пожали на „Фејсбук“ и рече дека ако надлежните не превземат нешто, ќе мора да самиот да се заштити.

„Ова се случи синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со сè што располагаме“, рече Пајкоски.

За потсетување, во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ беше пронајдена застрелана мечка со две мечиња.

Scroll to Top