Кенет Пети, сопругот на Ники Минаж, е осуден на 120 дена домашен притвор откако ја прекршил условната казна со објавување видеа на социјалните мрежи со закани за раперот Офсет.
Во судскиот налог поднесен во средата во Централниот округ на Калифорнија, на Пети му беше одреден домашен притвор, откако тој беше „снимен како изговара заканувачки зборови кон одредена личност додека е во друштво со лице со криминално досие.“ Конкретното лице на кое се споменува е Офсет, а снимките се однесуваат на серија пораки кои Пети му ги испратил на раперот кои се појави на социјалните мрежи на 16 септември.
Пети беше осуден на три години условна казна во јули 2022 година, откако не се регистрираше како сексуален престапник во државата Калифорнија во 2020 година. Тој исто така беше осуден за обид за силување на 16-годишно девојче во 1995 година и помина четири години во затвор во Њујорк.
Во видеото кое се сподели на социјалните мрежи на 16 септември, Пети и член на неговото обезбедување се гледаат пред хотел во Њујорк каде што наводно престојувал Офсет. Во клипот, меѓу различните заканувачки коментари, Пети вели: „Планирајте го тој одмор, сам ќе го планираш својот погреб“.
Во видеото објавено на социјалните мрежи на Офсет, раперот ги исмева овие закани.
Офсет, поранешен член на рап групата Мигос од Атланта, е сопруг на раперката Карди Б. За потсетување, Ники Минаж и Карди Б имаа огромна караница, па дури и се тепаа на забавата Harper’s Bazaar Icons за време на модната недела во Њујорк во септември 2018 година. Видеото кое кружи на социјалните мрежи во тоа време покажува како Карди Б брза кон Ники Минаж и ја напаѓа.