Кредитната организација „Naussany Investments & Private Lending“ ја тужи Лиза Маја Присли за долг од 3,8 милиони долари, кој го останала по нејзината смрт.
Ќерката на Елвис Присли почина во јануари годинава, но наводно зад себе оставила долг на заем вреден 3,8 милиони долари. За тужбата и долгот ќе треба да се погрижат наследниците.
Како што пренесуваат медиумите, според судските документи што ги добиле, оваа приватна кредитна организација тврди дека пејачката не го вратила кредитот од 2018 година и дека имала рок до мај 2022 година целосно да го исплати.
Во документите се наведува дека тие не можат да остварат контакт со Лиза од март 2022 година, и покрај постојаните обиди да го наплатат нејзиниот долг. Познато е дека сопственичкиот удел го дала на Елвис Присли Ентерпрајс и Грејсленд, па не е јасно зошто го подигнала заемот.
Кредитната организација која и ги позајмила парите тврди дека Присли претходно позајмила од нив 450.000 долари во јули 2016 година, кои таа ги платила во целост следниот месец.
Тие рекоа дека ќе се откажат од случајот доколку нејзината ќерка Рајли Кеу, која сега е сопственик на имотот, се согласи да плати 2,85 милиони долари, или 75 отсто од вкупниот долг, во рок од 45 дена.