Бритни Спирс не се откажува од видеата на кои танцува полугола со ножеви во рака во својата дневна соба.
– Денеска почнав да играм со ножеви. Не грижете се, тие не се вистински. Ноќта на вештерките доаѓа, напиша таа во описот.
Пејачката често објавува различни кореографии од својот дом во Калифорнија, а сега позираше во краток топ со точки и бели гаќи. Таа отскокнуваше и се вртеше додека мавташе со ножевите околу главата додека ја следеше камерата со погледот.
Поради нејзиното чудно однесување, фановите и претходно изразуваа загриженост и страв за нејзината состојба, особено по разводот.
Ги исклучила и коментарите, а како што пишува Дејли Мејл, неодамна се посветила на последните детали од книгата која треба да излезе до крајот на годината „Жената во мене“.
Бившиот сопруг наводно го спомнала само на неколку места, а поради предбрачниот договор нема да профитира од продажбата на книгата. Кон средината на август таа потврди дека се разведува од фитнес тренерот Сем Асгари (29), по 14 месеци брак, а според предбрачниот договор Сем требало да добие по еден милион долари за секои две години брак поминати со пејачката, што поради ненадејниот развод нема да се случи.