Меланија Трамп тајно менувала делови од предбрачниот договор со Трамп

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп тајно сменила делови од нејзиниот предбрачен договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во време на неговата кандидатура за втор мандат во Белата куќа.

Таа е најзагрижена за фондот наменет за нејзиниот син Барон, а според „Дејли мејл“, изменетите услови наводно се однесуваат на финансиите и имотот и треба да го зголемат фондот формиран за сега 17-годишниот Барон.

Се верува дека ова е трет пат парот да го менува договорот што првично бил склучен кога се венчале пред речиси две децении во 2005 година.

Неименуваните извори велат дека предбрачниот договор е повторно променет повеќе поради правните битки на Трамп отколку поради неговиот потенцијален втор мандат како претседател.

Scroll to Top