Елена Ристеска го избра најкусиот фустан за настапот пред скопјани 

Поп-пејачката Елена Ристеска по подолга пауза пред извесен период се врати на настапите во живо. По неколку гостувања во регионот и кафулиња во нашата земја, пејачката минатиот викенд имаше настап во една скопска дискотека.

Ги пееше нејизните најголеми хитови и направи одлична журка.

За мини концертот Ристеска одбра сив кус фустан со светки и црни сандали. Фустанот е дизјан на „Минимал бај Нина“, додека за шминката и фризурата се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Даниел Николовски.

Целиот стајлинг Елена го препуштила во рацете на Теа Клинчарова.

 

Scroll to Top