Пар влечки по кои полуде цел Балкан. И познатите дами не можеа да одолеат да не ги вклучат необични влечки во својот моден стил.
Во прашање се влечките „Ермес“ и моделот „Оран“, кои сигурно сте ги виделе на социјалните мрежи, модните профили и страници. За кратко време овој пар влечки стана популарен помеѓу пејачите, инфлуенсерите и стилските икони. Меѓу нив се Јелана Карлеуша, Милица Павловиќ, Софија Милошевиќ, Тамара Калиниќ, Северина Вучковиќ.
На прв поглед, тие се многу едноставни. Предниот дел е скроен во форма на буквата „H“ како симбол на една од најпознатите француски модни куќи. Сепак, она што толку многу ги истакнува е нивната удобност и способност да се прилагодат на секој стил – од лежерно до елегантно. Совршено одат со макси и мини здолништа и фустани. Жените ги носат со костуми, фустани, на плажа.
Сепак, нивниот единствен недостаток е цената. За некои една плата, а за други тоа е ситница. Папучите на „Ермес“ обично чинат 565 евра. Може да се најдат во различни основни нијанси – црна, бела, беж, крем и портокалова.
Овие влечки ги носеше и Софија Милошевиќ во Катар за време на Мундијалот.