Бивиот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја прославија 31-годишнината од бракот. Посебниот ден тие го одбележаа со емотивни пораки на социјалните мрежи кои си ги посветија еден на друг.
– Среќна годишнина. Мишел, ти си одлична, смешна и убава – напиша Барак.
Емотивна порака испрати и неговата сопруга.
– 31 година и вечност. Низ животот сакам да поминувам со тебе покрај мене. Среќна годишнина душо – напиша таа.
Нивната љубов ја прославија и многу фанови кои ги им испратија честитки во коментари за овој посебен ден.
Барак и Мишел се венчаа во 1992 година, а заедно имаат две деца Малија (25) и Саша (22). Честопати јавно зборуваа за својот брак, а често откриваа низ какви предизвици поминале во текот на долгогодишната врска. Во 2017 година, Барак изјави за CBS Mornings дека е благодарен што откако ќе му заврши мандатот, ќе има повеќе време за својата сопруга.
Мишел минатата година изјави дека и десет години од нивниот брак имало период кога не можеле да се поднесат.
– Луѓето мислат дека сум груба кога го кажувам ова, но имаше околу десет години кога не можев да го поднесам мојот сопруг. Погодете кога се случи тоа? -Кога нашите деца беа мали. Десет години ги градевме нашите кариери и се грижевме за училиштето, за тоа кој што прави. Погоди што? -Бракот не е 50/50, никогаш – изјавила Мишел во една прилика.
Мишел исто така додаде дека сите проблеми можат да се решат ако ја познаете вашата личност и ако ви се допаѓа која е таа.