Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје на центраци па и главниот град. „Нешто што ќе остане“ е музички хепенинг кој Општина Центар го организира за првпат и годинава тој ќе се случи на 10 октомври во Паркот на Франкофонијата со почеток од 19 часот.
Станува збор за концерт на кој ќе настапат ДЈ Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, Некст Тајм и Ди-џеј Фиц, а целиот настан ќе го води и збогатува нашата центарка Вера Јанковиќ.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека недостигаат културни манифестации кои будат насмевки и дружење кај луѓето затоа општината дава свој придонес за забава уживање и афирмација на македонската музика.