Познатата американска музичарка Доли Партон наскоро ќе ја објави својата автобиографска книга „Behind the Seams: My Life in Rhinestones“ во која зборува за својот живот и кариера со акцент на имиџот, облеката и костимите.
77-годишната американска национална музичка икона на големо ја промовира книгата, а во таа прилика за британскиот Гардијан открила дека својот стил на облекување го копирала по локална проститутка, жена која сакала тесни здолништа и високи потпетици.
„Беше блескава. Сакаше светло црвен кармин и долги црвени нокти”, изјави Партон и додаде:
„Таа носеше чевли со екстремно високи потпетици. Некои од нив беа проѕирни и во нив пливаа минијатурни пластични, златни рипки. Кратки здолништа, многу исечени топови. За мене беше убава. Ако некој речеше: „О, таа е само ѓубре!“, велев: „Таква ќе бидам кога ќе пораснам“.
Меѓутоа, дедото на Доли Партон, кој бил свештеник, бил еден од оние кои ја сметале за локалната проститутка.
Подоцна во животот, на дедото толку му пречело облеката на неговата внука што физички ја казнувал поради облекувањето. Ниту тоа не ја спречило да продолжи да го негува својот сега исклучително препознатлив стил.