Рецепт за чизкејк со тиква кој мириса на медењаци

Чизкејкот од тиква е еден од вкусните гласници на есента кој мириса на цимет, морско оревче и ѓумбир. Рецептот не бара многу труд во кујната, а доколку сакате да го покомплицирате, чизкејкот можете да го декорирате со прелив од карамела или крем кој ќе го измешате во шлаг со малку цимет. Пред да го подготвите колачот, подгответе го пирето така што ќе ја испечете или сварите тиквата и ќе ја исечкате. Наместо да додавате зачини посебно, можете да користите мешавина од зачини купена во продавница. Покрај класичните бисквити, можете да користите плазма.

Рецепт за чизкејк од тиква:

База:

200 гр бисквити
1 лажица шеќер
1 лажица кафеав шеќер
1/2 лажичка цимет
120 гр стопен путер

Крем:

680 гр крем сирење
150 гр кафеав шеќер
100 гр шеќер
80 гр кисела павлака
1 и ½ лажичка екстракт од ванила
250 гр пире од тиква
3 јајца
1 лажичка цимет
¼ лажичка морско оревче
1/4 лажичка ѓумбир во прав

Подготовка:

Бисквитите измешајте ги со растопен путер, цимет, кафеав и бел шеќер и притиснете ги во калап за печење (22 см). Ставете ги во фрижидер да се изладат додека го подготвувате кремот.
Измешајте го крем сирењето со двата вида шеќер на средна брзина околу 1-2 минути.
Додадете павлака и измешајте, па додајте екстракт од ванила, пирето од тиква и зачините.
Мешајте додека не се соединат. Измешајте ги јајцата едно по едно. Смесата рамномерно распоредете ја врз подготвената кора. Колачот се пече на 175 степени Целзиусови 40 минути.
Оставете ја тортата да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер и ладете ја 6 часа или преку ноќ.

Scroll to Top