Бијонсе на премиерата на концертниот филм на Тејлор Свифт: Ме научи како да ги кршам правилата

Пејачката Тејлор Свифт се појави на премиерата на нејзиниот концертен филм „Taylor Swift: The Eras Tour Concert“ во Лос Анџелес.

Таа се појави во син фустан без прерамки и воодушеви пред киното заедно со нејзините танчерки и другите луѓе кои ја придружуваат за време на турнејата.

„Не можам доволно да ви се заблагодарам што дојдовте да го гледате филмот кој јасно ја прикажува авантурата во која се впуштив“, напиша пејачката на Инстаграм.

Свифт на Инстаграм сподели дека на премиерата пристигнала уште една музичка дива, Бијонсе. Тејлор објави видео на кое тие две седат заедно во кино, а Бијонсе фрла пуканки.

И концертен филм за турнејата на Бијонсе ќе биде објавен во декември.

„Толку ми е драго што никогаш нема да знам како би изгледал мојот живот да не беше нејзиното влијание. Таа ме научи мене и сите други уметници како да ги кршиме правилата и да ги редефинираме нормите на нашата професија. Тој нејзин дарежлив дух, нејзината издржливост и сестраност. Таа беше мојот светилник во текот на мојата кариера и фактот што дојде вечерва сè претвори во бајка“, напиша Тејлор.

Веќе од петок филмот треба да почне да се прикажува низ целиот свет, а само во првиот викенд од прикажувањето во северноамериканските кина би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари, што е невидено за концерт прикажан во кино.

 

Scroll to Top