Меган Маркл сподели дека нејзиното вистинско име е Рејчел, исто како и името на ликот што го глумеше во серијата Suits.
На социјалните мрежи се прошири видео во кое новинарка случајно и се обраќа на Меган со Рејчел, а војвотката од Сасекс одговори дека всушност не греши.
„Моето прво име во реалниот живот е Рејчел. Никој никогаш не ме викал така, но моите родители ме викаа Рејчел Меган Маркл. Имав проблеми поради тоа со сите правни документи. Ти всушност ме нарече со моето вистинско име”, сподели Меган.
Новинарката тогаш и рече дека не знаела за тоа.
Инаку, серијата Suits која ја прослави Меган Маркл повторно стана популарна откако пристигна на Нетфликс. Затоа, наводно, се работи на нов спин-оф.
@suitsarmy Meghan Markle Name Is Rachel omg #suitsnetflix #suitstvshow #suits #fyp ♬ original sound – Suitsarmy