Од политичари до спортски ѕвезди, највлијателните и најуспешните жени во Австралија ги победија моделите за да заземат изненадувачки места на овогодинешниот Maxim Hot 100.
Максим Австралија ја објави својата годишна листа за оваа година, а на врвот е Маргот Роби (33), чија холивудска кариера продолжува да блеска по објавувањето на нејзиниот најнов филм „Барби“.
Ова е втора година по ред како актерката е на врвот на листата Maxim Hot 100, додека сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори е на 18-то место, како што пишува Дејли Меил.
Инаку, австралиската ѕвезда Маргот ја отелотвори улогата на Барби, која го полуде светот, а имаше и улога на продуцент. Роби го продуцираше филмот преку нејзината продуцентска куќа LuckyChap Entertainment, која ја основа во 2014 година со нејзиниот сопруг Том Акерли.
„Барби“ ги руши сите рекорди во кината, а филмот минатата недела ја собори границата од милијарда долари. Заработката во кино салите и оди во прилог на Роби, а се откри и дека од овој филм би можела да заработи дури 50 милиони долари.
Да потсетиме, кариерата ја започна во 2008 година во серијата „Соседи“, а главната улога ја имаше во филмот About time.
Нејзината голема пауза во актерската индустрија беше улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ во 2013 година. Таа ја глумеше сопругата на главниот лик кој го игра Леонардо ди Каприо (48).