Италијанскиот диџеј, претприемач и инфлуенсер Џанлука Ваки (56), познат како најсекси дедо, со години е во врска со 27 години помладата девојка Шерон Фонсеко. Џанлука во подкастот „Human Of Interest“ откри дека тој и неговата избраничка се посреќни од било кога.
– Единственото нешто што ме прави да се чувствувам лошо е тоа што знам дека Шерон и Блу не се чувствуваат добро за нешто што јас го правам. Среќен сум што Шерон е личност која е мудра што не е типично за нејзините години, па нема да се чувствува лошо за нешто што не е важно – рекол тој.
Иако е познат по прекарот „најсекси дедо“, Џанлука стана татко на девојчето Блу дури во 2020 година. Тој призна дека пред Шерон бил главно сингл или имал авантури.
– Тогаш дојде Шерон и смени се – признал тој.
Сепак, тој призна дека и во нивната врска не е се совршено.
– Многу малку се расправаме. Ако понекогаш се расправаме, повеќе зборуваме за начините да го изразиме нашиот гнев. Јас сум вулкан, јас сум човек кој експлодира во секунда, а таа е тотално спротивно. Некогаш имаме проблем во смисла дека јас експлодирам и експлозијата трае 30 секунди и потоа со насмевка продолжувам понатаму. Таа ја гледа таа експлозија и е тажна три дена. Но, на крајот мораме да разбереме дека не сме сите еднакви и секој ден учам да прифатам дека не сме исти – објаснил Ваки.
Раѓањето на неговата ќерка во 2020 година, признава, целосно му го променило животот.
– Се грижам да имам целосен живот. Секогаш бев фокусиран само на себе, но тогаш сакав да ги поделам парите што ги имам со моето семејство, што ги имам сега – изјави тој.