Британската пејачка Адел им кажала на своите обожаватели дека престанала да пие алкохол откако признала дека била на работ на алкохолизам во своите дваесетти, пренесуваат британските медиуми.
Треисет и петгодишната Адел на својот настап во Лас Вегас ѝ призна на публиката дека престанала да пие алкохол пред околу три ипол месеци, велејќи дека тоа воопшто не е забавно, пишува британскиот портал „Метро“.
Меѓутоа, пејачката рекла дека алкохолот многу ѝ недостасува.
„Мислам, јас бев буквално на работ на алкохолизам во поголемиот дел од моите дваесетти, но многу ми недостига. Уживајте во твоето виски. Многу сум ти љубоморна”, му рекла Адел на еден обожавател за време на настапот.
Додала дека се откажала од кофеинот заедно со алкохолот.
Адел во март откри дека еднаш испила четири шишиња вино пред ручек за време на пандемијата.
Пејачката во последните две години е во врска со 41-годишниот Рич Пол, спортски агент со кого е свршена.