Хороскоп за 23 октомври: близнаци не ги кријте чувствата, изненадување од партнерот за девицата

Овен
За ваше добро, но и за доброто на колегите, сведете го деловниот ризик на минимум. Почитувајте го работниот договор. Разговарајте со партнерот и бидете настојчиви сѐ додека не ја чуете вистината. Последната работа која ви е потребна е да се залажувате со илузии.

Бик
Денес ќе се обидете да ја наметнете вашата волја врз соработниците, но некој друг ќе го има последниот збор. Избегнувајте ги сите ситуации во кои, потенцијално, ќе се вознемирите. Веројатно, ќе треба да ја надоместите грешката што сте ја направиле кон блиска личност.

 

Близнаци
Конечно ќе сфатите дека многу од нештата не се такви какви што изгледаат. Сѐ повеќе ви недостасува нечие присуство и внимание. Нема потреба да ги криете вашите чувства, бидете искрени кога станува збор за вашите потреби. Избегнувајте ситуации во кои ќе се чувствувате вознемирено.

Рак
Имате добар план, но ќе се случат неочекувани ситуации кои ќе влијаат врз вашите деловни намери. Ќе ви биде потребно нечие присуство и внимание, само блиска личност ќе може да ве расположи. Обидете се да се опуштите до чаша чај и добра книга.

Лав
Повнимателно анализирајте ги соработниците и нивните постапки. Понекогаш е тешко да се одреди вистината и нивните скриени намери. Избегнувајте еуфорично расположение во друштво на саканата личност, на тој начин ќе поттигнете сомнежи за вашите намери.

Девица
Некој ќе се обиде да ве разубеди, но вие имате свои цели и нема да отстапувате од плановите што сте ги започнале. Партнерот ќе се обиде да ве расположи со забавни активности. Уживајте во заедничките моменти. Бидете физички активни во слободното време.

Вага
Не дозволувајте другите да ви наметнуваат непотребни обврски или да го нарушат вашиот нормален начин на работа. Ќе добиете сѐ од вашата сакана личност, но тоа нема да ви причини задоволство. Избегнувајте стресни и напорни ситуации.

Шкорпија
Нема потреба да се експонирате пред соработниците, мудро чекајте ја завршната фаза во деловните преговори. Чувствувате нов емотивен наплив. Активирајте ја вашата имагинација и вештини за заведување кога сте во друштво на саканата личност.

Стрелец
Ќе се консултирате со соработниците пред да донесете конечна одлука во деловното работење. Повеќе луѓе можат да дојдат до подобро решение. Нема потреба да инсистирате на неважни и споредни работи во комуникацијата со саканата личност.

Јарец
Премногу внимание посветувате на работни обврски од кои немате голема корист. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти. Филтрирајте ги чувствата и побарајте поголемо разбирање од партнерот за грешките што сте ги направиле.

Водолија
Не се залажувајте дека сѐ што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен и финансиски успех. Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите љубоморна сцена. Време е да вметнете повеќе витамини во исхраната.

Риба
Денес ќе се обидете да ги исправите деловните грешки, нема причина премногу да зборувате за вашите планови. Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Насмевките и емотивните желби не значат многу доколку нема цврста намера. Уживајте во природа.

Scroll to Top