Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ ќе биде посветен на делото и творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица.
Диригент на концертот ќе биде Борјан Цанев, а како солисти ќе се појават Татјана Петрушевска – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот, Мартин Димитров – виолина, кои ќе настапуваат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“.
Концертот е во организација на СОКОМ, Претседателот на Македонија и Филхармонија, а со поддршка на Министерството за култура, ќе се одржи во Филхармонија на 24-ти октомври со почеток во 19 часот.
Влезот е слободен за сите.