Оскаровката Џенифер Лоренс ја разбранува јавноста со сцена од новиот филм „No Hard Feelings“ кој од синоќа се прикажува на Нетфликс во Америка.
Имено, во една сцена актерката се појавува без облека, откако противниците во филмот ја украле, а потоа таа влегува во лута пресметка со непријателите. Вниманието не го привлече само голотијата, како и се останато во филмот, па следеа коментарите на гледачите на социјалните мрежи.
„Зошто Џенифер Лоренс се бори гола на филм“, праша еден корисник на Твитер, додека други напишаа: „Ниту оддалеку не обрнував внимание на филмот што го гледав на работа и одеднаш се свртев за да ја видам Џенифер Лоренс како тепа голи тинејџери на плажа и добива тупаница во интимните делови“, „Џенифер Лоренс е урнебесна и целосно бестрашна. Ако не ја почитувам толку, веројатно би ја запросил“.
Инаку, на почетокот на оваа година, актерката изјави за Variety за експлицитната сцена во новиот филм:
„Сите во мојот живот и мојот тим ја прават вистинската работа, а потоа прашувам „Дали си сигурна“, воопшто не се двоумев, тоа беше смешно“, рекла Џенифер.
Dženifer Lorens se u novom filmu pojavila kao od majke rođena pic.twitter.com/kKo7dI44rD
— Arsil (@arsagarson) October 24, 2023