Џенифер Лопез ја продаде вилата во Бел Ер за 34 милиони долари. Цената била неколкупати сменета, затоа што вилата првично чинела 42 милиони долари.
Имотот на пејачката располага со девет спални соби и 13 бањи. Има и вежбалница, амфитеатар, тераса и огромен базен.
Џенифер Лопез и Бен Афлек размислувале да ја реновираат куќата, но се предомислиле па е продадена. Американската латино-пејачка го купила ја купила вилата за 28 милиони долари од глумицата Села Вард пред седум години години.
Парот во моментов живее во Беверли Хилс, на имот со површина од 1.200 квадратни метри.