Актерката Софија Вергара ги воодушеви следачите на Инстаграм кога сподели фотографии од својот плакар кој зафаќа цела просторија.
Гости на Софија ѝ беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колеги од ТВ-серијата „Модерно семејство“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита.
„Попладне со моите најмили луѓе на светот, вратете се брзо, ми недостасувате,“ напиша Софија.
Тие се забавувале и се фотографирале во просторијата за облека, а Џастин позираше и со еден куп чевли на Софија.
Во коментарите на објавата на Софија се јави и колега од серијата.
„Барем еднаш уживав додека сум во плакар,“ коментираше Џеси под објавата на Софија. Со својот коментар насмеа илјадници луѓе и доби 28.000 лајкови.
За потсетување, Вергара неодамна се разведе од актерот Џо Манганиело.