Ед Ширан патувал со авион од Мајами до аеродромот Хитроу во Лондон, а за време на деветчасовниот лет бил присутен при страшен инцидент со пијан патник кој го напаѓал екипажот.
Патникот бил пијан и барал повеќе алкохол, што екипажот го одбил. На тоа реагирал со навреди, а патниците го снимиле неговиот испад. Додека конфронтацијата продолжила, во еден момент тој наводно испуштал мајмунски звуци кон патниците и екипажот.
На летот имало и полицаец во цивилна облека, па тој помогнал заедно со останатите патници да го задржат патникот и да го врзат за помошното седиште. Патниците се плашеле дека капетанот ќе се врати назад во САД, но по слетувањето во Лондон, шест вооружени полицајци влегле во авионот и го уапсиле избезумениот и пијаниот патник.
Лондонската метрополитенска полиција издаде соопштение во врска со овој инцидент.
„Во 1:59 часот по полноќ на 24.10, полицајците на Хитроу примија пријава дека патник на лет од Мајами дал расистички коментари кон другите патници и членови на екипажот. Полицајците присуствувале на авионот и 46-годишниот маж бил уапсен поради сомнение дека сторил прекршок против јавниот ред и мир на расна основа.Останува во притвор“, соопшти полицијата.