Патологот го одложи објавувањето на причината за смртта на Метју Пери, бара понатамошна истрага

Причината за смртта на познатиот актер Метју Пери беше наведена како одложена во очекување на понатамошна истрага и токсиколошки резултати. При истрагата на полицијата, во домот на Пери не нашла дрога, туку биле пронајдени разни антидепресиви.

Истрагата за прераната смрт на легендарниот Чендлер се уште трае, а Дејли Мејл пишува дека телото на актерот е предадено на семејството за да се подготви за погребот.

Познатиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст.

Како што пренесуваа американските медиуми, актерот се удавил во џакузито на својот дом во Лос Анџелес, а кога пристигнала брзата помош можеле само да констатираат смрт. Обдукцијата е завршена, сега се чекаат резултатите од токсиколошките тестови кои може да потраат неколку недели.

 

 

 

Scroll to Top