Моли Хурвиц бившата свршеница на актерот од „Пријатели“: Чувствувам олеснување, Мети конечно го најде мирот

Бившата свршеница на Метју Пери, Моли Хурвиц, се огласи на Инстаграм по неговата смрт. Гласините за нивната врска започнаа во 2018 година, тие се верија во 2020 година, а свршувачката ја раскинаа во 2021 година.

Хурвиц објави фотографија од силуетата на Пери на Инстаграм и напиша:

– Ми се допаѓа колку светот сега зборува за неговиот талент. Беше навистина многу талентиран – напишала таа.

„Бидејќи се наближуваше повторното обединување на „Пријатели“, заедно ја гледавме серијата. „Колку бев добар! Дали го виде?’. Ќе ги премотувавме и ги проучувавме сцените. Нашата почит кон хуморот беше нешто што не зближи. Фактот дека бев со него кога повторно откри колку е брилијантен беше магичен. Но, се разбира, го познавав тој човек на многу поинаков начин. И покрај тоа што го сакав толку длабоко колку што можев да сфатам, тој беше комплициран и предизвикуваше болка што никогаш не сум ја знаел. Никој возрасен во мојот живот немал такво влијание како Метју Лагнфорд Пери. И јас сум многу благодарна за тоа, за се што научив од нашата врска. Мети, чувствувам олеснување бидејќи конечно си спокоен“, напишача бившата свршеница на Пери.

Да потсетиме, Метју почина во саботата вечерта на 28 октомври, а актерот беше пронајден во неговото џакузи во Лос Анџелес. Официјалната причина за смртта се уште не е позната.

Scroll to Top