Книгата на Метју Пери, „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, пак се качи на првото место на американските и на британските листи на книги поради многубројните посети од неговите обожаватели по неговата ненадејна смрт.
Автобиографијата на актерот пак е бестселер речиси една година по нејзиното издавање. Во книгата тој откри детали од приватниот живот, а зборува и за колегите од серијата „Пријатели“.
Со повторното искачување на врвот, автобиографијата на Метју Пери ја симна од првото место книгата на Бритни Спирс на амазонската ранг-листа.
Текстот Смртта на Метју Пери пак ја качи на прво место неговата автобиографска книга е превземен од МАКФАКС.