Пејачката Кејти Пери имаше настап во Лас Вегас, а во публиката беше и нејзината тригодишна ќерка Дејзи Дав, која пејачката ја доби со актерот Орландо Блум.
Кејти во еден момент и се обрати на својата ќерка која стоеше насмеана во публиката во црвен фустан со бели точки.
— cinthia
(@cinperrymore) November 5, 2023
„Дејзи, те сакам многу. Ти си мојот најдобар пријател и мило ми е што си тука“, рече пејачката.
Овој момент ги разнежни сите, а Дејзи доби овации.
Пери во неколку наврати истакна дека нејзината ќерка и сопруг се најголеми двигатели и во приватниот живот и во нејзината кариера.