(Видео) Ќерката на Кејти Пери и Орландо Блум за прв пат во јавност: Дојде на концертот на мајка си и ги разнежни сите

Пејачката Кејти Пери имаше настап во Лас Вегас, а во публиката беше и нејзината тригодишна ќерка Дејзи Дав, која пејачката ја доби со актерот Орландо Блум.

Кејти во еден момент и се обрати на својата ќерка која стоеше насмеана во публиката во црвен фустан со бели точки.

„Дејзи, те сакам многу. Ти си мојот најдобар пријател и мило ми е што си тука“, рече пејачката.

Овој момент ги разнежни сите, а Дејзи доби овации.

Пери во неколку наврати истакна дека нејзината ќерка и сопруг се најголеми двигатели и во приватниот живот и во нејзината кариера.

Scroll to Top