Моника се прости од Чендлер: Требаше да биде авантура за една ноќ…

По трогателната проштална порака на Мет Лебланк и Кортни Кокс се огласи по повод смртта на нејзиниот колега од „Пријатели“, Метју Пери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

„Многу сум благодарна за секој момент што го поминав со тебе, Мети, и ми недостигаш секој ден.

Кога работите со некого толку блиску како јас со Метју, има илјадници моменти кои би сакале да ги споделите. Засега ова ми е еден од омилените.

За да дадам малку бекраунд, Чендлер и Моника требаше да имаат авантура за една ноќ во Лондон. Но поради реакцијата на публиката тоа стана почеток на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да тргнеме, ми шепна една смешна реченица.

Често правеше такви работи. Беше смешен и љубезен“, напиша актерката на Инстаграм во описот на видеото, на кое беше прикажана првата љубовна сцена помеѓу нејзиниот лик Моника и ликот на Пери, Чендлер.

Од 1994 до 2004 година, Кортни и Метју глумеа заедно во култната серија, прво како пријатели, а потоа и како пар кој ги освои срцата на гледачите ширум светот.

Метју Пери почина на крајот на октомври, на 54-годишна возраст. Најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на 4 ноември на интимна церемонија во Меморијалниот парк Форест Лаун во Лос Анџелес, во близина на студиото „Ворнер Брос“, за да му кажат последно збогум на Пери.

Scroll to Top