Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон изјави дека чекала 10 години за да се омажи за Емануел Макрон и дека ја одложила венчавката поради своите деца.
Брижит Макрон го одложи бракот со идниот француски претседател за една деценија бидејќи се плашеше дека животот на нејзините три деца ќе бидат уништени со тоа што ќе ја официјализира врската со момче на нивна возраст, објави британскиот весник „Тајмс“.
Брижит (70), поранешна учителка по глума на Емануел Макрон (45), во интервју за магазинот „Пари Мач“ откри детали од нивната романса во училницата, како и детали од нејзиниот живот како прва дама од 2017 година.
Макрон имал 15 години кога се заљубил во Брижит Озиер, 40-годишна мажена жена, чија ќерка Лоренс била негова соученичка во католичкото училиште „Провиденс“ во Амиен, северна Франција. Таа постепено подлегна на неговиот шарм и аферата предизвика скандал во провинцискиот град Пикардија. Родителите на Макрон, двајцата лекари, го испратија во Париз да го продолжи образованието, но тој продолжи да одржува контакт со Брижит.
„Главата ми беше во хаос“, рече таа додавајќи дека ураган ја погодил кога починал татко ѝ.
Текстот Брижит Макрон: Почнав да излегувам со Емануел кога тој имаше 15, а јас 40 е превземен од МАКФАКС.