Дедо ми беше познат кардиолог и има 95 години: има правила кои никогаш не ги прекршува

Внуката на познатиот пензиониран јапонски кардиолог Мика Крибс откри кои активности го направиле 95-годишниот Реизо толку здрав и среќен во десеттата деценија.

Овие 8 работи се неговиот рецепт за долг и среќен живот:

Утринска прошетка

Открива дека нејзините баба и дедо биле ранобудници.

„До пет часот наутро веќе се на нозе и ја започнуваат утринската прошетка. Тие обично пешачат од 30 минути до еден час и прават најмалку 7.000 чекори“, рече таа.

Вежбање

По прошетката, тој ја има својата рутина за тренинзи. Започнува со истегнување, а потоа прави серија вежби за сила и вежби за рамнотежа.

Тој внимателно избира различни вежби секој ден врз основа на неговите способности.

Поврзување преку социјалните мрежи

По тренингот го вклучува лаптопот и се логира на Facebook и Instagram.

Истражувањата покажаа дека социјалната изолација на постарите луѓе доведува до високи стапки на осаменост, особено кај постарите мажи.

Според внуката, нејзиниот дедо, иако има сопруга, одржува контакти со други луѓе, вклучувајќи ги и неговите внуци кои живеат во Америка.

Пишување блог

Од 2014 година, речиси секој ден одвојува неколку минути за да ги запише своите размислувања и искуства на својот блог, каде има над 1.000 објави.

Уметност

„Мојот дедо е искусен уметник. Секој ден го црта својот автопортрет. Додека внимателно ја скицира секоја линија и нијансира, така подобро се разбира себеси“, открива таа.

Нови хобија

Како што вели таа, нејзиниот дедо почнал да се занимава со градинарство за време на пандемијата на коронавирус, а инспирацијата ја нашол во цвеќињата и растенијата што ги видел додека шетал.

Дремење неколку пати во текот на денот

После сите вежби, ова тој дреме неколку пати на ден за да ја задржи енергијата, но секогаш ги крева нозете на перниците.

Првиот половина час дреме, најчесто околу 8 или 9 часот наутро, додека попладне заспива додека чита.

Уживање во храната

Како што наведува, нејзиниот дедо ужива да јаде црвено месо, сирења и пие вино.

Меѓутоа, неговата сопруга подготвува и здрав зеленчук и прави јапонски специјалитети како вкусно кари, пишува „Cnbc.com“.

Scroll to Top