Како да го стимулираме лачењето на хормоните кои прават да се чувствуваме среќни?

Хормоните имаат големо влијание врз нашиот секојдневен живот и на квалитетот на животот.

Ендорфинот, серотонинот и допаминот се трите главни хормони кои водат до чувство на среќа и задоволство, а постојат неколку начини да се поттикне нивното лачење, пренесува „Klix.ba“.

Фактори како правилна исхрана, физички активности и креативни хоби можат да влијаат на нивното лачење.

Движењето одамна е познато како средство против депресијата, а науката ја докажа својата спасоносна улога: спортот и другите умерени физички напори произведуваат мерлив физиолошки ефект, кој обезбедува чувство на психофизичка благосостојба.

Англичаните го нарекуваат „runner’s high“, што може да се преведе како трчачка еуфорија. Но, не се работи само за трчање, туку за секоја физичка активност која бара малку повеќе труд, па затоа и за возење велосипед, пливање, кошарка, брзо одење, работа во градина или секс.

Допаминот влијае на нашето расположение, спиење, меморија, учење и концентрација. Експертите веруваат дека допаминот е повеќе поврзан со мотивацијата, желбата и нагонот. Добрата рамнотежа на допамин е од витално значење за физичката и менталната благосостојба.

Начинот на исхрана може да влијае на нивото на допамин, се верува дека заситените масти предизвикуваат воспалителни процеси кои можат да влијаат на лачењето на допамин.

Физичката активност може да го зголеми нивото на допамин во телото. Редовните прошетки, пливањето или возењето велосипед можат да помогнат. Промените во начинот на исхрана може да го стимулираат лачењето на допамин.

Некои студии сугерираат дека незаситените масти го немаат истиот ефект, а исхраната која содржи повеќе добри незаситени масти, заедно со овошје, зеленчук и протеини, може да биде корисна.

Аминокиселината л-тирозин е особено важна, бидејќи на телото му е потребна за производство на допамин. Л-тирозин се наоѓа во пилешкото, говедското месо, јајцата, бадемите, авокадото, бананите.

Авокадото и бананите се исто така природни извори на самиот допамин, заедно со друга храна, како што се грашок, модар патлиџан, агруми, домати.

Серотонинот е природен моноамински невротрансмитер кој пренесува сигнали помеѓу нервните клетки низ телото. Освен што ги контролира емоциите, влијае и на моторните функции.

Влијае и на расположението и е познат како еден од хормоните на среќата. Им помага на луѓето да спијат подобро, важен е за варење, но и за зараснување на раните и за контрола на сексуалните функции. Постојат студии кои покажуваат дека недостатокот на оваа хемикалија може да влијае и на појавата на депресија.

Така, нивото на ова соединение може да се зголеми со изложување на дневна светлина, вежбање, правилна исхрана и медитација. Што се однесува до исхраната, на нивото на серотонин најмногу ќе влијаат сложените јаглехидрати како зеленчук, овошје, мешунки или цели зрна.

Кога се јаде оваа храна, телото произведува повеќе инсулин, кој потоа им помага на мускулите да привлечат повеќе амино киселини, давајќи му на триптофанот поголема шанса да стигне до мозокот.

Scroll to Top