Актерката Софија Вергара моментално се наоѓа во родната Колумбија каде ја промовира серијата Гризелда која наскоро ќе почне да се емитува на „Нетфликс“, а неодамна на својот „Инстаграм“ објави видео кое го привлече вниманието на фановите.
51-годишната актерка се забавувала со група пријатели придружувани од обезбедувањето, а кога нелетала на улични музичари веднаш заиграла и пеела заедно со нив.
„Ајде, дајте им пари“, извика таа, обраќајќи му се на еден од нејзината придружба откако не успеа да најде пари во чантата, потег што ги воодушеви следбениците.
„Ха ха ха, дај им пари, каква кралица“, „Токму затоа е толку спектакуларна“ и се само дел од коментарите на фановите.