Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово на социјалните мрежи напиша дека му се родил син.
„Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме доаѓањето на нашето трето дете Луанит. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство.
Раѓањето на Луанит ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам, топли поздрави“, напиша Османи кој до вчера престојуваше службено во Брисел.
Ова е трето дете на Османи по ќерката Елиза и синот Мали.