55-годишната Кајли Миног доби Греми за најдобра поп денс песна за нејзиниот глобален хит „Padam Padam“.
„Padam Padam“ ѝ ја донесе на 55-годишната поп-ѕвезда нејзината втора награда Греми досега – и прва во последните две децении.
Таа претходно ја освои најдобрата танцова снимка во 2004 година за „Come Into My World“. Кајли Миног се заблагодари на ЛГБТК+ заедницата, основата на нејзините фанови.
„Ви благодарам што сте со мене толку долго, низ добро и лошо. Заедно сме и во најдобрите и во најлошите моменти. Мислам дека ова е почеток на нова ера”, изјави пејачката.