Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави новата линија на патики, еден ден откако њујоршкиот судија го казни со речиси 355 милиони долари на судење за граѓанска измама.
Поранешниот претседател вчера претстави модел на патиката Трамп во продавницата Sneakercon во Филаделфија, а додека зборуваше пред присутните, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои ги рекламираше на новата веб-страница за цена од 399 долари.
– Ова е нешто за што зборувам 12, 13 години и мислам дека ќе биде голем успех – рече Трамп, кој е се поблиску до републиканската претседателска номинација за овогодинешните избори и реваншот со актуелниот претседател Џо Бајден, јавува Си-Ен-Ен.
На веб-страницата на продавницата беше објавено дека до синоќа се распродадени сите патики од овој модел, вкупно 1.000 пара, колку што имало на залиха.
Текстот (Видео) Трамп претстави линија патики и ги нарече „Никогаш не се откажувај“, веднаш беа распродадени е превземен од МАКФАКС.